Home » Протест пред руската амбасада во Тирана

Протест пред руската амбасада во Тирана

by Журнал.мк

Пред руската Амабсада во Тирана денеска имаше протест против руските напади врз Украина.

Насобраните граѓани се изјаснија против војната во Украина.

-Окупацијата на Украина е агресија против аспирациите на независна земја, како и напад врз Европа и аспирациите на народите да живеат во слобода и еднаквост. Оваа инвазија е отворено кршење на самата демократија. Солидарноста со народот на Украина е граѓанска должност на секој човек кој верува во универзалните вредности на слободата и мирот, порачаа од протестот.

-Ова не е протест против рускиот народ, кој на овој или оној начин е исто така погоден од оваа трагедија. Овој протест е против владејачкиот диктаторски естаблишмент на Русија. Пред сè, ова е митинг да се застане на страната на украинскиот народ и вредностите на правдата, посочија организаторите на протестот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk