4 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Протест поради „Монструм“, посебен режим на сообраќај во Скопје

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести