Home » Протест на противниците на Европрајд во Белград, со икони, распетија и слики на Путин (ФОТО)

Протест на противниците на Европрајд во Белград, со икони, распетија и слики на Путин (ФОТО)

by Журнал.мк

Учесниците на митингот „Литија за спас на Србија“, кои велат дека се посветени на традиционалните вредности и се против промоцијата на правата на ЛГБТ и парадите, поминаа низ главните улици на Белград ден по претседателот на Србија најави откажување на Европрајд.

Мирисот на темјан и пеењето црковни песни го означија почетокот на собирот пред Соборниот храм во Белград.

Насобраните, меѓу нив и десетина луѓе во свештеничка облека, оттаму тргнаа кон храмот Свети Сава низ улиците затворени за сообраќај.

Тие носеа слогани, икони, распетија, а некои дури и слики од рускиот претседател Владимир Путин.

Ова е втор голем собир на отворено на групи и организации што се противат на одржувањето на Европрајд во Белград.

Пред две недели, на 14 август, во Белград се собраа неколку илјади луѓе, а ги поддржаа и некои опозициски партии, како Двери.

Ивица Божиќ од здружението Антиглобалисти Србија, за кого српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е „осуден за семејно насилство и трговија со дрога“, најави дека ќе се соберат и на 17 септември, кога требаше да се одржи Парадата на гордоста, во рамките на неделата на Европрајд.

„Се организиравме за да ставиме до знаење дека нема да се согласиме да ја одложиме геј парадата, туку нормално да се забрани“, вели Божиќ.

Вучиќ во саботата изјави дека Европрајд „се откажува или се одложува“.

Владата на Србија подоцна објави дека „во моментов нема безбедносни услови“ за меѓународна манифестација посветена на правата на ЛГБТ што ќе се одржи во Белград.

„Одредени екстремистички групи би можеле да го искористат и злоупотребат овој настан и волјата на Србија да го организира, со цел дополнително да ги зголемат тензиите и да ја доведат Србија во нестабилност“, се наведува во соопштението.

Организаторите на Европрајд одговорија дека државата не може да го откаже митингот, туку само да го забрани, но дека таквата одлука би била неуставна.

„Европрајд ќе се одржи“, порачаа тие.

Банатскиот епископ на Српската православна црква Никанор, познат во јавноста по своите екстремни ставови против ЛГБТ-лицата, пред толпата изјави дека „желбата, пораката и препораката е аномалиите кои бесрамно се нарекуваат парада, да не се случат во наредните стотина години“.

„Ако дојде време да излеземе вака и да застанеме пред оние што имаат намера да ги уништат вредностите на Србија, тогаш ќе ги изречеме казните што ги заслужуваат – анатема и проклетство“, рече епископот на СПЦ.

Српската православна црква, која во саботата ја поздрави одлуката за откажување на Европрајд, не ги коментираше ставовите на Никанор, исто како и пред две недели кога тој рече дека ќе го проколне „секој што организира и учествува во нешто такво“.

„Толку можам, ако имав оружје, и таа сила ќе ја употребев, но го немам“, изјави тогаш Никанор.

Организаторите на Европрајд поднесоа жалба против епископот за смртни закани и поттикнување насилство врз ЛГБТ-лицата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk