21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Протест на жителите од охридски Лескоец

Најчитани вести

Во лето од чешмите не капнува ниту капка вода, во зима кога како, улиците им тонат во кал, неасфалтирани полни со јами. И вака цели 30 години во крајно нехумани услови живеат дел од жителите на охридското село Лескоец.

Околу 300 жители на ова село кое инаку е поврзано со Охрид три децении ги делат овие проблеми.Денеска неколкумина од нив излегоа на мирен протест.

Сите градоначалници изминативе години им ветувале решение за проблемите, но само предизборно.Ако и сега не им се помогне најавуваат дека ќе протестираат и пред општина.

Од Локалната самоуправа пак повторно ветуваат решение за проблемите во Лескоец.Со почеток на градежната сезона и подобрување на временските услови улицата на која претходно беше поставена атмосферска канализација ќе биде асфалтирана.Молиме за малку трпение, барањата се големи ресурсите ни се ограничени.- велат од Општина Охрид.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести