Протести пред Врховниот суд на Израел, каде што се разгледува петицијата против законот кој го штити израелскиот премиер Нетанјаху од отповикување од функцијата поради судир на интереси во случајот со корупција.
Владејачката коалиција донесе закон со кој смена на премиерот може да се случи поради здравствена некомпетенција и за истата одлучуваат само тој и Владата, а не врховниот обвинител. На Нетанјаху му се суди за измама, нарушување на довербата и поткуп во три одделни случаи.