7 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Протести во Судан, седуммина загинати, 181 повредени

Најчитани вести

Најмалку седум лица загинаа, а 181 се повредени во протестите во Судан, јави суданската новинска агенција Суна, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Протестите во неделата беа најмасовни од нападот на безбедносните сили врз кампот на демонстрантите пред Министерството за одбрана пред три недели.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во повеќе делови на Картум, главниот град на Судан. Во близина на претседателската палата, безбедносните сили фрлија солзавец.

Заменик шефот на суданскиот владејачки воен совет, генерал Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, тврди дека непознати снајперисти пукале на цивили и војници. Демонстрантите во сите делови на земјата бараа воспоставување цивилна власт, речиси три месеци откако војската на Судан го симна од власт Омар ал Башир.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести