Ferrari неодамна објави дека ќе започне со производство на својот прв SUV модел Purosangue („чистокрвни“) кон крајот на оваа година, а сега слики од овој ексклузивен новитет „протекоа“ предвреме во јавноста благодарение на шпионските фотографии од самата фабрика….
Останува да видиме дали фотографиите случајно или „случајно“ протекоа и каков ќе биде епилогот од оваа приказна, односно дали некој ќе одговара за тоа.

Во секој случај, Ferrari на тој начин ќе им се придружи на другите компании кои веќе понудија спортско-луксузни SUV модели, како што се Lamborghini (со Urus), Rolls-Royce (со Cullinan) и Aston Martin (со DBX).

Треба да се напомене дека испораките на Purosangue до првите клиенти се очекуваат на почетокот на следната 2023 година.

Што се однесува до погонот, во некои информации се спомнува хибриден погонски систем со twin turbo бензински мотор и околу 800 КС (со погон 4х4), но и верзија V12 која би можела да се појави малку подоцна.

Имајќи го предвид искуството на другите ексклузивни производители со продажбата на SUV модели, се очекува Purosangue дополнително да ја подигне продажбата на италијанскиот бренд.
За потсетување, Ferrari испорача рекордни 11.155 автомобили ширум светот во 2021 година, што претставува зголемување од 22,3 отсто во споредба со 2020 година.

Ова е исто така за 10,1 отсто повеќе отколку во, пред почетокот на пандемијата со Ковид 19, 2019 година, кога Ferrari за прв пат. испорача повеќе од 10.000 возила за една година (10,113 возила).