6 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Просечната оценка на државната матура е 3,47

Најчитани вести

Оваа година просечната оценка на државната матура изнесува 3,47. Лани овој просек беше 3,42, а пред две години – 3,39.

„Учениците кои го полагаат тестот на зрелоста покажуваат подобри резултати од минатите генерации. Просечна оцена на постигањата на матурантите за оваа година е 3,47, за разлика од минатата година кога просечната оценка беше 3,42. Поединечно и кај повеќето предмети има подобрување во постигањата на учениците во однос на изминатите години, а кај помал дел има намалување или стагнација“, изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Оваа година државна матура полагаа 15.553 ученици, од кои 7.692 од гимназиско и 7.604 од стручно образование, како и 257 ученици од средно уметничко образование.

Просечната оценка по предметот македонски јазик и литература оваа година изнесува 3,69, додека минатата година изнесуваше 3,66. Подобрување е забележано и кај учениците кои полагаа албански јазик и литература. Оваа година просечната оценка изнесува 3,85, во однос на минатата година кога изнесуваше 3,81.

Резултати со благо намалување на просекот покажаа учениците кои полагаа турски јазик и литература, односно нивната просечна оценка изнесува 3,73, а минатата година беше 4,18.

Постигнувањата за математика се најдобри во последните три години. Годинава просечната оценка по математика изнесува 3,65, во однос на минатата кога пресечната оценка изнесуваше 3,37, додека во 2017 година просечната оценка изнесуваше 3,44.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести