Home » Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари

Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари

by Журнал.мк

Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,6 проценти), Преработувачка индустрија (6,4 проценти) и Уметност, забава и рекреација (5,4 проценти).

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март годинава изнесува 52 318 денари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More