13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Пропадна трансферот на Андре Силва во Монако

Најчитани вести

Андре Силва синоќа требаше да го комплетира својот трансфер од Милан во Монако за 30 милиони евра, но зделката пропадна во последен момент.

Португалецот беше во кнежевството на медицински прегледи, но наместо вест за официјализација на трансферот, фудбалерот го напуштил Монако без потпис. Првичните информации беа дека голгетерот не ги минал медицинските прегледи, но вистината е дека трансферот пропаднал поради личните услови на фудбалерот.

Монако и Милан се договорија за трансфер од 30 милиони евра, плус бонуси, но фудбалерот не се договорил со раководството на Французите. Португалецот и натаму е на продажба, но „росонерите“ сега ќе бараат нов клуб за фудбалерот, кој ланската сезона ја мина на позајмица во Севилја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com