По петдневна потрага е пронајдено телото на исчезнатиот капач кој влезе во липковското вештачко езеро Глажња. Телото ќе биде предадено на обдукција. Водите на езерото изминативе денови ги пребаруваа екипи на полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување. Беа вклучени и нуркачи од армиските специјалци „Волци“ и полициските „Тигри“. Потрагата како што информираа од Центарот за управување со кризи беше отежната поради местоположбата и слабата видливост.
Заради полесно пребарување вработените на Водостопанство „Кумановско-Липковско Поле“ затворија еден од вентилите на браната. Потрагата по исчезнатиот 30-годишен жител на липковското Никуштак, започна од 30-ти јули, откако влегол да се капе во езерото.