Home » Пронајдено безживотното тело на исчезнатиот гостиварец

Заврши потрагата по гостиварецот кој во неделата беше пријавен за исчезнат на падините на Шар Планина во атарот на селото Пожаране.

Група составена од полициски служебници и жители од околните села околу пладне го нашле безживотното тело на К.Ј. (87) во шумски предел во атарот на соседното село Врапчиште.

Телото е идентификувано од најблиски на К.Ј. кој на 30-ти минатиот месец беше пријавен дека во близина на селото Пожарене собирал шумски плодови и потоа исчезнал.

Од СВР Тетово информираат дека по тридневна интензивна потрага на поширокиот регион околу гостиварското село Пожаране, полициски службеници на ОВР Гостивар, во содејство со екипи на МВР и мештани, денеска (2 ноември) околу 12 часот и 40 минути во близина на фабрика за мебел, во атарот на гостиварско Врапчиште, во шума, го пронашле безживотното тело на 87-годишниот гостиварец К.Ј.

– Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител ќе се врши и обдукција.Од извршениот лекарски преглед ба телото не се констатирани траги на насилство, наведуваат од СВР Тетово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More