22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Пронајдени 400 килограми хероин од Иран во Бугарија

Најчитани вести

Бугарските власти соопштија дека конфискувале повеќе од 400 килограми хероин од брод што патувал од Дубаи и превезувал градежен материјал од Иран. Обвинителот Владимир Чавдаров рече дека дрогата била поделена во 487 пакувања и била скриена меѓу ролните за асфалт што ги носел бродот. Царинските службеници во црноморското пристаниште Варна запленетиот хероин го проценија на околу 22 милиони долари.

Обвинителите соопштија дека сопственикот на компанијата увозник и царински службеник биле приведени и обвинети за трговија со дрога. Двајцата мажи би можеле да се соочат со затворска казна од 20 години, доколку бидат осудени по обвиненијата.

Бугарската полиција верува дека хероинот не бил наменет за домашниот пазар, туку бил наменет да се продава во Западна Европа. Бугарија е на таканаречената балканска рута на трговија со дрога, која се користи за снабдување со дрога на Западна Европа од Азија и Блискиот исток.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести