14 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Пронајдени 26 мигранти во Солун, уапсен албански возач

Најчитани вести

Солунската полиција уапсила албански возач на комбе со 26 мигранти – 23 од Пакистан и тројца од Бангладеш.

Албанецот се обидел да избега од полицијата која го запрела комбето, но бил фатен.

Полицијата уапсила и еден Грк, сопственик на магацин каде што биле пронајдени уште 12 Пакистанци.

Како што објави АП синоќа, 26 мигранти морале да бидат транспортирани во складиштето.

Секој од нив им платил по 2.000 евра на криумчарите за да ги префрлат преку реката што ги раздвојува Турција и Грција, а потоа и до Солун.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести