Home » Пронајдени мигранти од Сирија, приведен криумчарот

Пронајдени мигранти од Сирија, приведен криумчарот

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, околу 19.30 часот, на автопатот А1 Гевгелија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Љ.Ѓ. (53) од Скопје поради криумчарење мигранти.

– При контрола во патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ., биле пронајдени четири лица илегални мигранти од Сирија. Љ.Ѓ. бил предаден во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле екипи од Регионален центар за гранични работи Југ и Полициска станица Неготино, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More