Home » Пронајдени двајцата планинари на Шар Планина

Пронајдени двајцата планинари на Шар Планина

by Журнал.мк

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв.

Едното лице (јавувачот на настанот) е пронајдено некаде по 20 часот и истото од кај страната на Титов Врв (околу 3 ч) е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница.

Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово, кој се здобил со телесни повреди.

Со цел за пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна, односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице, кое паднало од карпа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More