8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Пронајдена црната кутија на индонезискиот патнички авион

Најчитани вести

Пронајдена е една од двете црни кутии на патничкиот авион што се урна во морето по полетувањето од Џакарта.

„Пронајден е ФДР (снимач на податоци за летот)“, рече индонезискиот министер за транспорт Буди Карија Сумади.

Црната кутија треба да им помогне на истражителите да ја утврдат причината за несреќата што се случи во саботата.

Нуркачите на индонезиската морнарица бараа две црни кутии на авионот кои беа локализирани во неделата.

Боингот „Сривиџаја ер“ 737-500, со 62 патници и членови на екипажот, во саботата изгубил контакт со контролната кула по полетувањето од Џакарта и паднал во морето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести