21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Пронајдена нова масовна гробница во Мариупол

Најчитани вести

Властите во украинскиот град Мариупол синоќа соопштија дека е пронајдена нова масовна гробница во северниот дел на градот.

Градоначалникот Вадим Бојченко изјави дека властите се обидуваат да го проценат бројот на жртвите пронајдени во гробницата на 10 километри северно од Мариупол.

Според проценките, околу 100.000 луѓе биле заробени во Мариупол, кој е под опсада на руската армија.

Украинската армија дава отпор од своето последно упориште, фабриката за челик Азовстал, каде покрај војниците, од руските напади се кријат и цивили.

Со заземањето на Мариупол, Украина би изгубила витално пристаниште, а Москва би можела да воспостави копнен коридор до Крим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com