Денеска полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В.(47) од Прилеп.
Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во с. Старо Лагово, прилепско, сопственост на Д.В., и пронајдена е кафеава прашкаста материја и дигитални ваги.
По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.