Синоќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид бил приведен А.К. (31) од Ресен откако во неговото возило „фолксваген голф“ полицијата пронашла марихуана и прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.