Home » Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“

Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“

by Журнал.мк

Kултната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ конечно го доживеа своето реиздание, во рамки на едицијата за деца и млади на издавачката куќа Чудна шума.

Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.

Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска.

Промоцијата на култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ на издавачката куќа Чудна Шума, ќе се счучи на 8 јуни 2022 година, со почеток во 19:19 часот, во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More