-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Промоција на „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска

Најчитани вести

Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска ќе се одржи утре, во 12 часот, во Спомен-собата на Миладиновци во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Промотор е Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира актерката Софија Настевска. Наташа Сарџоска, поетеса, есеистка, писателка, литературна преведувачка, ги објавила книгите поезија: „Сина соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ во Македонија и „Пеле“ во Италија.

Нејзините песни се преведени и објавени на неколку јазици, како и објавени во поетски антологии во Словачка и во Германија. Ја има добиено наградата од Министерството за надворешни работи на Италија за најдобар есеј во 2002 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести