-3 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Промоција на книгата „Разговори со Унковски“ од Зоја Бузалковска

Најчитани вести

Во „Кино Култура“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Разговори со Унковски“ од Зоја Бузалковска, во издание на Театар на навигаторот Цветко. Разговорите се водени во три наврати – во 1999, 2010-та и непосредно пред објавувањето на книгата, кон крајот на 2018 година.

Со гордост објавуваме дека по 20 години перипетии, излезе од печат книгата разговори на ученичката со својот учител (еден доживотен статус) низ повеќе фази, темелен теориски труд и практичен учебник, кој на едноставен начин отвора суштински дилеми, мисли, изградени ставови, чувствувања, врзани со театарот на Слободан Унковски, со неговиот сценски ракопис, со пристапот или методот на мајсторот, со неговото битие, со неговиот толку посебен свет, кој најдиректно и најотворено го споделува и со нас, соопшти „Кино Култура“.

Книгата ќе ја промовираат Искра Гешоска, Воја Брајовиќ, Јовица Михајловски и Бранко Цвејиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести