20.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик

Најчитани вести

 Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може бесплатно да го користат сите граѓани и сите проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик. Ова е подарок од Владата на Република Македонија, од Министерството за образование и наука, од авторите и од Институтот за македонски јазик до граѓаните.

На промоцијата што ќе се одвива онлајн, обраќања ќе имаат претседателот на државава Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ –Скопје, Јованова-Грујовска и раководителката на електронското издание на ТРМЈ,  Снежана Велковска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести