-5 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Промотивна кампања на Volvo Cars, пристигнува и новиот S60!

Најчитани вести

Со почетокот на месец октомври, пријатно изненадување од Volvo Cars Македонија! Официјалниот застапник на Volvo Cars за Македонија, Premium AGS, најави кампања со промотивни цени за сите автомобили на лагер. За сите оние кои се заинтересирани да зачекорат во светот на Volvo, октомври е вистинскиот месец да го сторат тоа.

Бенефициите се однесуваат за сите модели на Volvo кои во моментов се изложени во салонот на Volvo Cars во Скопје, а тоа ги вклучува V40, XC40, XC60, XC90, како и V60 и S90. Промоцијата доаѓа откако изминатиот месец, Volvo започна со промоција и на новиот начин на финансирање: Volvo Car Финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% и отплата до 84 рати (во соработка со S-Leasing).

Од Premium AGS најавија уште два важни настани кои се планирани во текот на оваа кампања, а тоа е домашната премиера на новиот Volvo S60 – модел кој конечно пристигна во Македонија (и тоа во R-Design изведба), како и специјален настан за сите заинтересирани за запознавање со моделите на Volvo – Отворен ден во салонот во Скопје кој ќе се одржи кон средината на Октомври.

Поканата за посета на новиот салон на Volvo Cars во Скопје е отворена за сите, така што Ве охрабруваме да го посетите новиот дом на овој шведски бренд и да направите тест возење на моделот за кој сте заинтересирани, велат од компанијата.

Тест возење може да се закаже на оваа веб страница: https://www.volvocars.com/mk/test-drive

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести