Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Под влијание на циклонска активност, во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.