25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Променливо облачно време со температура до 35 степени

Најчитани вести

Времето во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com