31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Производството на канабис го загадува воздухот повеќе од рудниците за јаглен

Најчитани вести

Легалното производство на канабис во Колорадо емитува повеќе штетни гасови од државната индустрија на рудниците за јаглен, покажува најновото истражување.

Производството и употребата на канабис од медицински или рекреативни причини моментално е легално во неколку американски сојузни држави, што доведе до значителен напредок на индустријата.

Биоекологистката Хејли Самерс и нејзините колеги од Универзитетот во Колорадо ги анализирале нивоата на емисиите на штетни гасови кои доаѓаат од фармите со канабис. Тие откриле дека емисиите варираат од држава до држава, но приближно еден килограм произведен сув цвет емитува од 2,3 до 5,2 тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e).Во Колорадо емисиите од фармите со канабис изнесуваат околу 2,6 мегатони CO2e, што е повеќе од оние во рудниците за јаглен со 1,8 мегатони CO2e, пишува New Scientist.

– Емисиите кои се создаваат од производството на 28 грама сушено цвеќе се еднакви на оние по согорувањето на 26 до 50 литри бензин, истакна Самерс.

Поголемиот дел американски канабис се одгледува во затворени простории од две причини. Првата е дека некои земји не дозволуваат одгледување на отворено, а втората е дека производителите се плашат од кражба на растенијата. Ова значи дека најголемиот дел од емисиите при производството на канабис всушност доаѓаат од системот за осветлување и контрола на климата.

Експертите затоа советуваат да се премине на одгледување на отворено, бидејќи тоа би ги намалило енергетските потреби и штетните емисии.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести