10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Производителот на телефони Xiaomi ќе изработува и електрични автомобили

Најчитани вести

Кинескиот производител на телефони и таблети Xiaomi планира да се вклучи во автомобилскиот бизнис, секако со електрични автомобили. Повеќе медиуми во земјата ја објавија веста.

Подемот на електричните автомобили го привлекува интересот на компании што се надвор од автомобилската индустрија, за и тие да се вклучат во развој и производство на возила на струја.

Со години кружат гласини дека Apple ќе излезе на пазарот со сопствен автомобил, производителот на правосмукалки Dyson исто така имаше амбициозни планови за производство на електрични автомобили, а кинескиот електронски и технолошки гигант Huawei исто така работи на возило на струја. На овој список на компании сега им се придружува и кинескиот производител на телефони и таблети Xiaomi.

Агенцијата Reuters, повикувајќи се на три извори што се блиски до Xiaomi, објави дека кинескиот техно-гигант Xiaomi е во преговори со кинескиот производител на автомобили Great Wall, за користење на една од фабриките на автомобилскиот концерн. Xiaomi планира во фабриката да произведува електрични автомобили што ќе го носат логото на компанијата. Уште е неизвесно дали се планира возилата да бидат од сопствен развоој или Xiaomi ќе користи некој од постоечките модели на Great Wall. Поголема е веројатноста за вториот случај.

Од Xiaomi и од Great Wall не ги побиваат, ниту пак ги потврдуваат гласините, меѓутоа Reuters наведува дека двете компании наскоро ќе ја објават соработката. Возилата не се ново подрачје на работа за Xiaomi. Компанијата веќе извесно време го продава електричниот го-карт Ninebot GoKart Pro, за кого што беше склучено посебно партнерство со Lamborghini.

Гласините се покажаа мошне делотворни за подигнувањето на вредноста на акциите. По нивното појавување, акциите на Xiaomi пораснаа за 9 проценти, а исто и акциите на Great Wall Motor сега вредат за 10% повеќе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com