7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Произведен 100.000от Porsche Taycan

Најчитани вести

Една кратка вест од Porsche што говори за достигнувањата на брендот..

Веста гласи дека само три години по почетокот на производството, јубилејниот 100.000 примерок на електричниот модел на Porsche Taycan излезе од фабричките линии на фабриката во Куфенхаузен.

Славеникот е Taycan Turbo S во Neptune Blue боја, а наменет е за купувач од Велика Британија, земја која заедно со САД и Кина е еден од трите најголеми пазари за овој електричен модел на Porsche.

Да потсетиме дека во првите девет месеци од оваа година, Porsche продаде 221.512 автомобили ширум светот (зголемување од 2,0 отсто во однос на истиот период во 2021 година), при што Taycan во наведениот период пронашол 25.073 клиенти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести