9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Продуцентот на „Wolf of Wall Street“ уапсен за перење пари

Најчитани вести

Риза Азиз, продуцентот на хит филмот „The Wolf of Wall Street“ со Леонардо Дикаприо, е уапсен по обвинение за перење пари преку инвестициски фонд што го основал таткото на неговата сопруга и поранешен премиер на Малезија, Наџиб Разак.

Азиз беше уапсен вчера од агенти на малезиската Антикорупциска комисија, но набрзо беше пуштен со кауција и се очекува денеска да се појави пред суд.

Азиз е коосновач на Red Granite Pictures, продуцентска компанија што работеше на „Wolf“ на Мартин Скорсезе во 2013 година, а беше и копродуцент на „Dumb and Dumberer 2“ и„Daddy’s Home“.

Компанијата перела пари од Good Star, компанија поврзана со финансиерот во бегство Ло Таек Џо и 1Malaysia Development Berhad (1MDB).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com