15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Продолжува судењето за ,,Титаник”

Најчитани вести

Во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство.Последното рочиште за овој предмет на 5 јуи беше одложено поради неприсуство Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.

Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Предметот „Титаник“ го води специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести