19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Продолжува судењето за ,,Меѓународен сојуз”

Најчитани вести

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за што заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, а не некои од следните проодлженија и битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.

Судењето за овој предмет е во фаза на изведување вербални докази.

Покрај Бојан Јовановски, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести