-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Најчитани вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот.

Дебатата почна на 1 јули, а Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година го образложи заменик министерот за финансии, Димитар Ковачески.

За власта, ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, а за опозицијата е расипнички, со повеќе пари за предизборен поткуп и партиски вработувања. Алијанса на Албанците и Алтернатива кажаа дека нема да го поддржат зашто со него, како што истакнаа од коалицијата, не се планираат инвестиции и развој на економијата, туку се врши класичен предизборен потпкуп.

Заменик-министерот рече дека Предлог-ребалансот заслужува конструктивна диксусија базирана на аргументи. Тој ги повика сите пратеници да го поддржат. Клучни сегменти се, напомена, зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството, а приоритет остануваат здравјето на граѓаните, здравата економија и здравите финансии.

Првиот ден расправата помина во препукувања и обвинувања – кога се живеело подобро, дали во времето на ВМРО-ДПМНЕ или во времето на СДСМ, кога имало повисоки плати, а помали трошоци, колку од процесот на гасификација е завршен и колку автопати се изградени. Се спомна и изградбата на новиот клинички центар – кој ја кочи, а кој сака да се истурка проектот.

Пратениците од СДСМ потенцираа дека со ребалансот се зголемуваат средствата за инвестиции, за Армијата, за човечки капитал, за земјоделство, здравство, екологија, труд и социјала,…, а се намалува и јавниот долг. Но, според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот е само одраз на неодговорното работење на оваа Влада и до крајот на годината нема да има капитални инвестиции, а задолжувањето ќе биде уште поголемо.

Со ребалансот, приходите се проектирани на 222,6 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 гоидна, што, според предлагачот, се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината. Расходите се планирани на 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет. Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарда денари, односно 6,5 отсто од БДП. Зголемување има и кај капиталните расходи за 6,5 милијарди днеари и се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари. Нивното учество во вкупните расходи на Буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 отсто што е повисоко ниво од просекот во последните десет години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com