8-мина нуркачи од армиските специјалци „Волци“ во текот на денот ја продолжија потрагата по 29-годишното момче кое на 29-ти јули исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека условите за потрага се многу тешки, брегот бил стрмен, а длабочината на водата повеќе од 20 метри на само неколку метри оддалеченост од брегот. Лоша била и видливоста на поголема длабочина.
Се пребарува и брегот на езерото. СВР Куманово го обезбедува местото на несреќата.