20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Продолжува полицискиот час, се помалку слободни кревети во ковид центрите

Најчитани вести

Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Како што информираа вчера за од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно се собираа во паркови, јавни површини, и по домови по затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Во меѓувреме, во вчерашниот Ковид – билтен, по направени 2.730 тестирања, регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19, починале 25 лица, а оздравени се 524 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Од новодијагностицираните најголем број се во Скопје 321, а со двоцифрена бројка се и Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22 и Охрид – 20.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 329 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети. Од Министерството за здравство информираа и дека поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и Ковид – центарот на Клиниката за пластична хирургија.

Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 119 378. Бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати 3 473, а бројот на активни случаи изнесува 15 131.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести