21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Продолжува вакцинацијата против Ковид-19

Најчитани вести

Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7.020 здравствени работници со прва и 6.750 со втора доза на вакцина против Ковид-19. Од 31-ви март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13.575 лица. Од 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

Во земјава пред два дена стасаа 10 илјади вакцини од „Фајзер“, а во текот на месецов се очекуваат и од останатите производители. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, но од вчера, доколку за тоа се укаже потреба, вакцини ќе може да се набават преку Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести