0 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Продолжување на кризната состојба заради мигрантите на дневен ред на собраниската седница

Најчитани вести

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 126-тата седница на чиј дневен ред се 123 точки меѓу кои и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава.

Во рамките на седницата пратениците треба да разгледаат повеќе законски решенија по скратена постапка и во прво читање, како и да се изврши избор на првите луќе во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за квалитет во високото образование и Комисијата на Агенцијата за пошти.

На дневнен ред се и Предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции и Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, како и неколку ратификации на спогодби.

Пред пратеницте ќе се најдат и Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, на Законот за еднакви можности на жените и мажите, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за инвалидски организации, и на Законот за употреба на знаковниот јазик, сите по скратена постапка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести