14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН во новиот формат

Најчитани вести

Двете работни групи и помирувачот ќе се состанат таму каде што ги вкрстија првите аргументи – во зградата на ресорното министерство.

Лидерот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека воведната средба била само презентација на веќе познатите барања а од денеска почнува поинтензивната и посериозна дискусија. Задоволен е што не стартуваат од нула и тоа, како што кажа, му дава оптимизам дека решение на спорот ќе има за максимум 10 дена.

„Десет дена ни е рокот за усогласување на ставовите по однос на медијација. Постои законска одредба каде што еден од партнерите ако не е задоволен со постигнатите резултати, поднесува барање за продолжување за уште 10 дена. Сакам да бидам оптимист и да бидам убеден дека за 10 дена ќе најдеме решение. За сета среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и многу енергија туку продолжуваме таму каде што сме застанале.“-Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Начинот на кој сега преговараат просветарите и Владата го спорат токму новоинволвираните – Асоцијацијата за помирувачи и арбитри во работни спорови. Преку писмен допис реагираат дека постапката е незаконита бидејќи помирувањето треба да биде спроведено пред воопшто да се прогласи генерален штрајк.

Од СОНК повеќе пати нагласија дека доколку помирувањето не вроди со плод, штрајкот во училиштата и градинките повторно ќе се активира. Синдикатот, како што е познато, бара зголемување на платите од 18,4% и скалесто усогласување со растот на минималецот. Владата, пак, понуди 12% и К-15 од догодина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com