26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Продолжен притворот на Камчев за уште 30 дена

Најчитани вести

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му ја продолжи за уште 30 дена мерката притвор на Јордан Камчев, осомничен за случајот „Плацеви на Водно”.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решение со кое сѐ уште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја продолжи мерката притвор за 30 дена. Против ова решение, странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд – Скопје“, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести