37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Продадена слика на Ван Гог за НЕВЕРОЈАТНИ 13 милиони евра

Најчитани вести

Една од ретките слики на Винсент Ван Гог, која беше подолго време во приватна сопственост, вчера е продадена за повеќе од 13 милиони евра на интернет-аукција на „Сотби“.

Сликата „Уличeн поглед на Монмартр“ сега беше јавно изложена првпат од нејзиното создавање во 1887 година. Делото досега беше дел од приватна колекција. Купено е за 13.090.000 евра, објави аукциската куќа.

Првичната проценка се движеше меѓу пет и осум милиони евра – рекорд за кое било дело на холандскиот уметник насликано во Франција.

Продажбата на „Уличниот поглед на Монмартр“ беше своевиден врв на наддавањето, на кое беа понудени уште 33 дела на други познати уметници, вклучувајќи ги Дега, Магрит, Модиљани, Роден и неговата муза Камил Клодел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести