8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Програмските определби ќе бидат клучни во одлучувањето дали да се влезе во Владата, вели Реџепи

Најчитани вести

Од Алтернатива потврдуваат дека утре вечер во 18 часот ќе почне состанокот на Централното претседателтво на партијата, на кој ќе треба да се утврди став, како препорака до партиското Централно собрание, кое пак, ќе одлучи дали да се прифати поканата на премиерот Зоран Заев и Алтернатива да стане дел од владејачкото мнозинство и од Владата или пак, ќе се продолжи со опозициско дејсгвување. Состанокот требаше да се одржи во вторникот, но е одложен за петок поради автобуската несреќа и тридневната национална жалост.

Централното претседателство е закажано за 18 часот и таму ќе биде утврдено каква препорака да му се даде на Централното собрание во однос на прашањето дали да се влезе во власта или да се остане во опозиција, изјавил за МИА членот на партиското раководство и пратеник Скендер Реџепи.

Според него, врз база на аргументи за и против, ќе биде донесена одлуката дали да се прифати или не поканата на премиерот Зоран Заев. Реџепи вели дека приоритетни во разрешувањето на прашањето треба да бидат „програмските опредби на Алтернатива“.

Пред средбата Заев – Гаши, во изјава за МКД.мк лидерот на Алтгернатива рече дека во партијата секогаш се води дебата пред да се донесат одлуки и дека според таквиот начин на демократско дејствување Алтернатива се разликува од голем број партии во земјава.

На нашето прашање какво е, сепак, расположението во Алтернатива за влез во Владата, Гаши рече дека е започната внатрешна дебата во партијата од која треба да произлезе конкретен став во контекст на актуелностите на политичката сцена.

Доколку Алтернатива донесе одлука да влезе во Владата, тогаш владејачкото мнозинство ќе се зголеми за четири пратеници од редовите на оваа партија. Со локалните избори СДСМ доби уште еден пратеник, бидејќи Беса, доскорешниот коалициски партнер на Социјалдемократите, а сега е дел од опозицијата, загуби еден од четирите пратеници, откако лидерот на Беса и пратеник Биљал Касами стана градоначалник на Тетово. На местото на Касами во Собранието од заедничката коалициска листа за пратеник дојде кадар на СДСМ. Треба да се има предвид дека е веројатно оти дел од мнозинството ќе биде и пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, кој на денот на гласањето за недоверба на Владата не се појави во Собранието и со тоа опозицијата ги немаше неопходните 61 глас за успех на иницијативата за уривање на Владата. Со таквиот епилог моќта на Беса ќе се намали на двајца пратеници.

Ваквата математика би ѝ овозможила на Владата стабилен нареден политички период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com