19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Програма за намалување на аерозагадувањето меѓу точките на редовната владина седница

Најчитани вести

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 44-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница пред министрите на Владата ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови.

На предлог на Министерството за финансии на оваа седница на дневен ред е и Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.

Министрите денеска ќе расправаат и за Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година, како и за Информацијата во врска со реализација на Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта-Струга.

Редовната 44-та седница на Владата е предвидено да започне во 12:00 часот и за донесените одлуки јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести