Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија, откако два силни земјотреси и илјадници помали земјотреси ја погодија државата.
Со прогласувањето вонредна состојба се создаде можност од државниот буџет да се издвојат пари за помош на оние кои се најмногу погодени од земјотресите, пренесе АП.
Со декларацијата Федералната агенција за вонредни состојби е официјално овластена да ги координира напорите за помош на загрозените во окрузите Керн и Сан Бернардино.
Земјотреси со јачина од 6,4 и 7,1 степен ја погодија Калифорнија во четвртокот и петокот и предизвикаа штета на патиштата, но исто така и на бројни домаќинства.