17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Проверка на факти: Митови за вакцините против корона

Најчитани вести

На Интернет се шират бројни тврдења за штетноста на некои вакцини против Ковид-19, од опасност од промена на човечката генетска структура до предизвикување неплодност. Што велат експертите?

Дали вакцината базирана на mRNA може да ја промени човечката ДНК?

Планот за градење на човечкото тело се чува во деоксирибонуклеинската киселина (ДНК). Кај некои вируси, како што е вирусот SARS-CoV-2, планот за градење се чува во рибонуклеинската киселина РНК. И кај луѓето постои РНК, таа не е целосно идентична копија на ДНК од клеточното јадро што се користи во јадрото за да се изградат протеини. Таа значи игра одредена улога во спроведувањето на планот за градба запишан во ДНК.

Вирусите ја користат оваа структура за да се размножуваат во нашите клетки. Но, нашето тело ги препознава натрапниците според нивните шилести протеини и создава антитела и Т-клетки за одбрана од вирусот.

Целта на вакцинацијата е да се предизвика имунолошки одговор на вирусот без вирусот САРС-КоВ-2 воопшто да мора да биде во организмот. Затоа, преку вакцината во нашето тело се внесува само една низа од вирусот, оној дел на информационата (гласничка) рибонуклеинската киселина mRNA што го носи планот за градење на шилестиот протеинот.

Но, ниту една РНК, ниту наша, ниту на вирусот, нема пристап до нашите клеточни јадра. Затоа, не се доближува до нашите гени и не може да се меша со нив. И откако ќе заврши работата, станицата ја раградува РНК.

Во декември 2020 година, некои научници во една студија тврдеа дека РНК на вирусот САРС-КоВ-2 кај вистинска инфекција може да навлезе во геномот на човекот преку таканаречена обратна транскрипција. Овој ензим може да ја транскрибира РНК во ДНК, а ДНК има пристап до нашите клеточни јадра. Оваа студија, сепак, сè уште не поминала проверка на независните експерти и предизвика бурни дискусии меѓу експертите.

Дејвид Балтимор, вирусолог и добитник на Ноелова Награда за откривањето на обратната транскрипција, за списанието „Сајнс“ изјави дека студијата наметнува „голем број интересни прашања“. Но нагласи дека фрагменти оф вирусот САРС-Ков-2 би можеле да бидат интегрирани но оти со тоа не би се создавал инфективен материјал. “Веројатно станува збор за биолошки ќорсокак“, вели Балтимор.

Валдемар Коланус, директор на ЛИМЕС институтот за биомедицински темелни истражувања на Универзитетот во Бон, во интервју за Дојче Веле изрази сомнеж дека овие резултати воопшто се важни за вакцинацијата. Структурата на mRNA од вакцината е изменета за да се спречи клетките веднаш да се разградуваат. „Таа веројатно воопшто не може да биде обратно транскрибирана“, смета Коланус.

Дали жените можат да останат неплодни поради вакцинирање?

По вакцинацијата, антителата наводно се врзуваат не само на шилестиот протеин на коронавирусот, туку и на сличен протеин, синцитин 1. Овој протеин игра улога во развојот на плацентата. Ако овој протеин е оневозможен поради вакцинација, тоа може да доведе до неплодност кај жените, велат заговорниците на теоријата.

– Постојат многу причини зошто оваа теорија не може да биде точна, изјави Удо Маркерт, раководител на Лабораторија за плацента на Универзитетската клиника во Јена. Сличноста меѓу двата протеини е многу мала, само 0,75 проценти, рече тој.

Кај лекот против мултиплекс склероза, научниците веќе го испитале несаканото взаемно дејствување меѓу антителата и синцитин 1. Лекот требаше да дејствува против протеин кој е 81 процентен сличен на синцитин. А резултатот беше дека има вземно дејствување кое не е ни вредно да се спомене.

Маркерт смета дека во тој случај, инфекцијата со коронавирус тогаш претставува уште поголема опасност за неплодност кај жените, но забележува дека за време на епидемијата на САРС во 2002/2003 година не е пронајдена врска меѓу инфекцијата и неплодноста, иако шилестиот протеин на тој вирус бил скоро идентичен со шилестиот протеин на вирусот САРС-Ков-2.

И Британското друштво за плодност (BritishFertilitySociety) исто така наведува дека „нема никакви индикации или теоретска основа за поврзаност на женска или машка неплодност со вакцинација против Ковид -19“.

Дали прележаната инфекција заштитува подобро од нова инфекција отколку вакцинацијата?

Факт е дека големо мнозинство на луѓе заразени со коронавирусот поминуваат со лесни симптоми или воопшто немаат симптоми. Според институтот Роберт Кох во Германија, во првиот бран на заразата во пролетта 2020 година, околу 80 проценти од оние кои биле позитивни на тестот имале малку или немале никакви симптоми. Останатите 20 проценти имале потежок или критичен тек на болеста.

Но, не постои гаранција дека луѓето кои немаат зголемен ризик од сериозен тек на инфекција, навистина ќе поминат без потешки последици. Се случува млади и здрави луѓе сериозно да се разболат, а некои дури и да починат.

А постојат и долгорочни последици како што се хроничен замор или тешкотии во циркулацијата, кои се јавуваат и кај оние кои имале лесен тек на болеста.

Сè уште не е познато до кога ќе останат тие последици, вели Рајнхолд Ферстер, потпретседател на германското друштво за имунологија, во разговор за Дојче Веле. Ако некое лице повеќе сака да ризикува инфекција наместо да се вакцинира, тој презема „голем ризик“, вели Ферстер.

Друга причина што оди во прилог на вакцинацијата е тоа што имунолошкиот систем различно реагира на вакцинацијата. „Оваа долгорочна безбедност од инфекција може да биде поизразена со помош на вакцината, вели вирусологот Кристијан Друстен. Затоа што изгледа дека по вакцинирањето во телото се создаваат повеќе антитела и тие подолго остамуваат во телото.

Ова го потврдува и Ферстер врз основа на сопствено необјавено истражување. „Во основа станува збор за квантитетот и квалитетот на создадени антитела. Кај ввалитетот пред се се работи за способноста на антителата да останат врзани на протеинот и на тој начин да спречат инфекција. Кај двете имало поголеми вредности по втората доза од вакцината на Бионтек/Фајзер отколку по инфекцијата, вели Ферстер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести