Во однос на законот за проверка на кадарот, предлог од ДУИ, премиерот Заев рече дека му бил доставен викендов, но не го разгледал.
Тој вели дека останува на ставот за проверка и во судството и во другите институции, а причините што сè уште не е спроведена е дефицитот на судии и обвинители.
„Распуштање со право на реизбор беше нашиот став за судството. Кога разговаравме со европските партнери, тие побараа лична одговроност, а не колективна. А втората причина е ресурскиот капацитет како да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места ако тие заминат по проверката“, рече Заев.
Додаде дека во државата има 750 судиски места според систематизацијата, а во моментот има 520 судии.
Ако се прочистат, уште 300 нема како да се пополнат иако Академијата за судии и обвинители веќе има конкурс, додаде премиерот.