21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Проблем за Чави и Барселона – Ансу Фати ќе паузира најмалку еден месец

Најчитани вести

Ансу Фати, момчето кое ја наследи „десетката“ на Лионел Меси во Барселона, глава не може да крене од повредите. Големиот талент на Барселона, синоќа, со солзи во очите го напушти „Сан Мамеш“, откако доживеа нова повреда.

Барселона, не успеа да се пласира во четврт-финалето, во Купот на Шпанија. Во драматичен натпревар, со голот на Икер Муниаин од пенал, Атлетик ја победи Барса со 3:2.

Покрај елиминацијата, Барселона, остана и без Ансу Фати. Ова е трета повреда за младиот фудбалер во кус временски период. Фати, поради повреда на коленото и третите операции, ја пропушти речиси целата сезона 2020/2021.

Шпекулациите од Барселона говорат дека Фати ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку еден месец. Се очекува клубот, до крајот на денот, да објави точни информации околу повредата на крлниот напаѓач.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com