21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Проблем во најавата за евентуални блокади и застои на хрватско-српската граница

Најчитани вести

Жителите од помалите хрватски села во околина на граничните премини со Србија, бараат да се забрани движење на камиони со поголема носивост од 7,5 тони. За ова, македонските транспортери, минатата недела добиле известување од нивните српски колеги, а сите засегнати компании кои ги користат помалите премини пред да влезат во границите на ЕУ, превентивно реагирале до своите влади и европските институции.

Биљана Муратовска од Макам транс за „Слободен печат“ вели дека засега не се знае дали хрватската Влада ќе го прифати ова барање, но мора да се испратат предупредувања за евентуалните нови транспортни блокади. Од хрватска страна е Илок, а од српска е Бачка Паланка, а малиот граничен премин Батровци се користи како една од двете алтернативи за главниот граничен премин Брајково, кој ионака е многу оптоварен.

-Ако ги затворат помалите гранични премини, сиот транспорт за влез и излез од ЕУ (преку Хрватска) сега ќе се слее само на Брајково, каде постојано има километарски колони. Тој премин нема толкава пропусна моќ, иако се ветува веќе неколку години дека ќе се прошири и ќе се доизградат уште две коловозни ленти. Тоа е невозможно сега. Хрватските превозници исто така реагираат до нивната влада, бидејќи сосема ќе се загуши главниот премин и ќе се предизвика повеќечасовно и повеќедневно чекање на камионите. Ова е еден од главните премини за камионскиот превоз за земјите од регионот кои се движат кон Словенија и кон цела Европа – објаснува Муратовска, која деновиве има полни раце работа за да ги алармира институциите за проблемот во најава.

Муратовска потсетува дека поради туризмот, пред неколку години имаше иницијативи да се ограничи движењето на тешки камиони и преку граничниот премин Дојран.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести