13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Проблеми во Шкендија: Алими и Кривак надвор од тимот поради повреди

Најчитани вести

Експедицијата на Шкендија со несмален интензитет во Анталија ја одработува најважната фаза од тековните подготовки. На тимот му се приклучи и Бразилецот Игор, но тренерот Ернест Ѓока се соочува со не така мали проблеми.

Имено во отсуство на Енур Тотре, главниот креатор во играта на тетовските “црвено – црни“ Арменд Алими, се жали на повреда, иако ситуацијата со него е подобрена. Исто така на повреда се жали и стоперот Јан Кривак, кој ќе отсуствува од тренажниот процес во наредните неколку денови.

Тоа значи дека и двајцата нема да бидат во комбинација за денешниот пријателски меч против Кајсар, тим од Казахстан. Меч кој започнува денеска во 13 часот по македонско време.

Ѓока веројатно и на двајцата нема смета и на “генералката“ со Динамо Киев, која се игра на 7 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести