20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

ПРОБАЈТЕ ГО ОВА МАСЛО ВЕДНАШ: Знаеме дека делува на забоболка, но за уште 3 заболувања е вистински спас!

Најчитани вести

Против воспаление, бактерии и габи – еве како можете да го користите маслото од каранфилче.

Малите пупки на растението од зимзелено каранфилче содржат дури 20 проценти масло, кое може да се користи како локален анестетик за забоболка. Сепак, истражувањата покажуваат дека има и силно дејство против воспаление, затоа е пропишано за фиброза, астма и алергии, но и за задржување на вода во организмот и појава на едем.

Најважните супстанции во ова масло се еугенол и еугенил ацетат, а бидејќи имаат и антиоксидативно дејство, се користи и во анти-стареечки креми за кожа. Исто така, има силно антимикробно дејство, затоа е добро и за проблематичната кожа.

Треба да се има на ум дека ова масло е исклучително силно, па затоа секогаш треба да се разредува со полесно масло – маслиново или кокосово. За кожата, можете да направите маска од само 3 капки, кои ќе ги измешате во 2 лажици мед и да ги нанесете либерално на лицето, вратот и деколтето. Оставете го да отстои дваесетина минути, а потоа извадете го со млака вода.

Дури и надворешната употреба на масло од каранфилче треба да биде внимателна, а внатрешната употреба мора да биде под надзор на лекар. Имено, предозирањето може да биде опасно. Може дури и да се користи наместо аспирин, против воспаление, но и наместо фунгициди, против габи, па дури и против некои бактерии кои се отпорни на антибиотици. Во консултација со вашиот лекар, комбинирајте го ова масло или користете го наместо лекови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести